Најскапиот мејл е тој што никогаш не е прочитан. Ако вашите понуди редовно завршуваат во спам, во 80% од случаите причината е техничка — и се поправа. По редослед на важност:
1. SPF запис (најважно)
SPF му кажува на Gmail кои сервери смеат да праќаат од вашиот домен. Без него, секој ваш мејл изгледа потенцијално лажен. Кај нас се поставува автоматски; ако користите надворешен сервис за мејлинг, и тој мора да е додаден во SPF.
2. DKIM потпис
Дигитален потпис што докажува дека пораката не е менувана по пат и дека е навистина од вас. cPanel → Email Deliverability покажува дали SPF и DKIM се валидни — со зелено или со предупредување.
3. Праќање со туѓа From адреса
Класика: newsletter системот праќа со From: vasa-firma@gmail.com. Gmail гледа дека серверот не е негов → спам. From мора да е на ВАШИОТ домен.
4. Репутација на доменот
Ако од вашиот домен некогаш заминал спам (пр. по хакирање), репутацијата паѓа и треба недели да се врати. Затоа безбедноста и мејлингот се иста тема.
5. Содржината на пораката
- Наслови со ГОЛЕМИ БУКВИ и многу извичници
- Само една голема слика без текст
- Скратени линкови во деловна преписка
- Зборови-стапици во комбинација: бесплатно, гарантирано, кликнете веднаш
6. Нема опција за одјава (кај масовни пораки)
Newsletter без видлив линк за одјава оди во спам автоматски — а е и спротивно на правилата.
7. Праќање на купени листи
Најбрзиот пат до трајно оштетена репутација: луѓето што не ве очекуваат кликаат Пријави спам, а тоа се памети со месеци.
Како да тестирате
Пратете тест до Gmail и до Outlook адреса. Во Gmail отворете ја пораката → Прикажи оригинал → кај SPF и DKIM треба да пишува PASS. Ако не — јавете се, ги средуваме записите.
За наши клиенти: SPF, DKIM и проверка на испорачливост ги правиме бесплатно.