Доменот е вашата адреса на интернет — она што луѓето го впишуваат за да стигнат до вас. Изгледа како ситница, но добар домен работи за вас со години, а лош ве кочи. Еве што е важно кога избирате.
Кратко и лесно за помнење
Најдобрите домени се кратки и се паметат од прв пат. Ако некој треба да го впише од сеќавање или да го издиктира по телефон, тоа мора да биде лесно. Избегнувајте долги имиња, тешки зборови и нешто што лесно се пишува погрешно.
Без цртички и бројки ако може
Домен со цртички (пример-фирма.mk) или бројки тешко се диктира — секогаш мора да објаснувате „со цртичка" или „бројот пет". Тоа создава забуна. Ако саканиот домен е зафатен, подобро смислете друга варијанта отколку да додавате цртички.
Која наставка — .mk, .com.mk или .com?
За фирма што работи во Македонија, .mk е природен избор — јасно кажува дека сте домашни и е препознатлив. .com.mk е алтернатива кога .mk е зафатен. .com е глобален и добар ако целите и надвор од земјата.
Совет: ако можете, земете ги и .mk и .com верзијата на вашето име, за да не ви ја земе некој друг подоцна.
Поврзано со вашето име или дејност
Најдобро е доменот да биде името на фирмата. Ако е зафатено, размислете за додавање на дејноста (пр. името + „шоп" или градот). Важно е да има смисла и да остане релевантен ако бизнисот порасне.
Проверете пред да купите
Пред да се врзете за име, проверете дали е слободно и дали слични имиња се веќе зафатени. Вреди да провериш и дали некоја позната фирма веќе го користи сличното — за да избегнеш забуна или проблем подоцна.
Кога сте спремни
Во ArkaHost можете да го проверите и регистрирате вашиот домен, и веднаш да го поврзете со хостинг и сајт. Ако не сте сигурни која наставка или име е најдобро за вас, јавете ни се — ќе ви помогнеме да изберете.